Американски голман погоди од гол на гол – видео

Американски голман погоди од гол на гол – видео

Еден од головите кои ќе влезат во изборот за гол на годината е постигнат во понискиот ранг на американскиот фудбал.

Голманот на ФК Вичита, Марк Вир, од гол на гол се запиша во листата на стрелците. Голот веднаш е прогласен за гол на годината во САД. Голманот голот го постигна во последните секунди од натпреварот.Интересно Вичита имаше предност од 2-0, а на противникот му беше потрбен гол за да избори продолженија. Сепак по корнерот на гостинскиот тим, кога и противничкиот голман замина во шеснаесетникот, Вир ја фати топката и ја смести во голот на противникот. крај/мф/нц

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Серена Вилијамс со победата на Вимблдон се изедначи со Граф

Лев: Форматот со 24 селекции на ЕП не е добар

Би можело да ве интересира и. Меѓународен

Полјаците одбиваат да играат фудбал против Русија

- 26 февруари, 2022

Цезари Кулеша, претседателот на Полската фудбалска федерација, објави дека репрезентацијата нема да игра бараж за Светското првенство против Русија, откако Русите извршија агресија против Украина.

Во рамките на дополнителните квалификации за СП 2022 година, Полјаците требаше да гостуваат во Москва на 24 март.

„Доста зборови, време е за акција. Поради ескалацијата на насилството на Русија врз Украина, репрезентацијата на Полска нема да игра против Русија. Тоа е единствената правилна одлука“, изјави Кулеша.

Полјаците ќе го претстават својот став пред ФИФА заедно со Шведска и Чешка, кои исто така треба да играат доквалификации во Русија, и ќе ја чекаат одлуката на светската фудбалска организација.

Меѓународен

НЛБ Групацијата и АБА-лигата ј.т.д.: Заедно пишуваме ново регионално поглавје во кошарката

- 1 февруари, 2022

„Овој регион на можности е наш дом. Сега имаме нова, одлична можност регионот на ЈИЕ во кој работиме, уште повеќе да го обединиме но, овој пат преку спортот. Да станеме број еден и да ја покажеме нашата страст. Во АБА лигата ј.т.д. гледаме регионален партнер, а со спонзорирање на АБА лигата ј.т.д. имаме можност да ја потврдиме нашата посветеност за развој на овој регион. Луѓето кои живеат, работат, создаваат и сонуваат во овој регион се многу повеќе поврзани отколку што тоа на прв поглед изгледа. Бидејќи со сето срце веруваме во регионот и во потенцијалот на АБА лигата ј.т.д., застануваме покрај нив“ – НЛБ Групација

НЛБ Групацијата се приклучува на АБА лигата ј.т.д. во сезоната 2021/22, а соработката меѓу двата регионални играчи, едните лидери во спортот, другите во банкарскиот и финансискиот сектор, ќе продолжи најмалку до 2025 година.

Со влегувањето како спонзор во најмоќното кошаркарско натпреварување во овој регион, НЛБ Групацијата стана и генерален спонзор на натпреварувањата од втора лига, под покровителство на АБА Лигата ј.т.д., коja отсега ќе се вика НЛБ АБА ЛИГА 2.

Блаж Бродњак, извршен директор на НЛБ Групацијата:

„Ние сме повеќе од само уште една финансиска Групација и како институција од системско значење не сме заинтересирани само за деловни теми. Сакаме на различни начини да создаваме, да го подобруваме и поврзуваме регионот на можности во кој работи Групацијата – воедно и преку спортот. Кошарката е тимски спорт кој ги испиша најпопуларните и најинспиративните приказни во регионот, раскажувајќи ни за победите и успесите, како со националниот тим, така и со кошаркарските клубови. Со спонзорирање на АБА-лигата ј.т.д., НЛБ Групацијата уште еднаш докажа дека ја познава страста и желбите на регионот на можности и дека го зборува истиот јазик и култура. Нашата Групација го разбира и промовира она што луѓето во овој регион го негуваат. Ние сме еден тим, а тимската работа, здружувањето на различните заедници, култури и јазици формираат цврста целина која може да ја искористи секоја можност преку координирана акција. Тоа се вредностите на НЛБ Групацијата“.

Дубравко Кметовиќ, директор на АБА лига ј.т.д.:

„Во име на АБА лигата ј.т.д., среќен сум и почестен што можам да ѝ посакам добредојде на НЛБ Групацијата во нашиот заеднички дом на кошарката. НЛБ Групацијата беше со АБА лигата ј.т.д. на самиот почеток, кога заживеа целата оваа идеја за регионална кошаркарска лига и јас сум исклучително среќен што оваа реномирана банкарска и финансиска Групација е повторно покрај нас. Убеден сум дека заедно можеме да направиме навистина неверојатни работи на многу различни нивоа. Иако нашата главна цел останува да и помогнеме на регионалната кошарка уште повеќе да расте во наредните години, ние исто така сакаме да ја искористиме соработката во контекст на грижа за огромната кошаркарска заедница. Нашите заеднички цели се промовирање и ширење на сите културни аспекти поврзани со спортот. обезбедување финансиска едукација за играчите, обезбедување на сета потребна помош на младите играчи за нивен правилен развој и реализација на низа други општествено корисни проекти. Исто така, ќе продолжиме да го поддржуваме NLB Wheel шампионатот, бидејќи го гледаме како огромен дел од регионалната кошарка. Ние сме исклучително горди што работиме со НЛБ Групацијата и со нетрпение очекуваме да видиме што ќе ни донесе оваа нова ера“.

📎📎📎📎📎📎📎📎📎📎